„Технохосе“ стартуваше со производство во Бунарџик

Bez autora
Oct 29 2012

Италијанската компанија „Текнохосе“ во понеделникот отвори фабрика во Македонија, во која ќе се произведуваат високо притисни гумени армирани црева, наменети за градежништвото, автомобилската индустрија и слично. Фабриката е лоцирана во технолошко-индустриската развојна зона „Скопје 1 во Бунарџик. Почетната инвестиција е пет милиони евра, а во март 2013 година се очекува да се реализација на нова инвестиција од 10 милиони евра. На почетокот во фабриката ќе работат 50 лица, а по реализација на втората инвестиција, се очекува бројот на вработените да достигне 200. Официјално во употреба новата фабрика ја пуштија македонскиот премиер Никола Груевски, економски тим на владата, генералниот директор на компанијата Антонио Витило и италијанскиот амбасадор во Македонија, Фабио Кристијани.

„Технохосе“ стартуваше со производство во БунарџикИталијанската компанија „Текнохосе“ во понеделникот отвори фабрика во Македонија, во која ќе се произведуваат високо притисни гумени армирани црева, наменети за градежништвото, автомобилската индустрија и слично.

Фабриката е лоцирана во технолошко-индустриската развојна зона „Скопје 1 во Бунарџик. Почетната инвестиција е пет милиони евра, а во март 2013 година се очекува да се реализација на нова инвестиција од 10 милиони евра.

На почетокот во фабриката ќе работат 50 лица, а по реализација на втората инвестиција, се очекува бројот на вработените да достигне 200 .

Официјално во употреба новата фабрика ја пуштија македонскиот премиер Никола Груевски, економски тим на владата, генералниот директор на компанијата Антонио Витило и италијанскиот амбасадор во Македонија, Фабио Кристијани.

Премиерот Груевски на свеченоста истакна дека оваа инвестиција претставува потврда дека владините економски политики ги даваат очекуваните резултати.

„Иако светската економска криза влијаеше врз реализацијата на инвестицијата, која беше најавена во 2008 година, сепак резултатите не изостанаа. Пред нас е новата фабрика на „Текнохосе“, изјави Груевски

„Во овие тешки години на светска економска криза само најдобрите и најснаодливите успеваат да опстојат, да ги алоцираат своите ресурси, да го реинвестираат својот капитал и да го прошират своето производство. Во вакви времиња „Текнохосе“ успеа во својата инвестиција“, изјави Груевски.

Премиерот потсети дека во слободната економска зона веќе произведуваат четири фабрики, а уште неколку се градат и се очекува да почнат со работа.

„Овие инвестиции, како и повеќе други кои се очекуваат треба да обезбедат неколку илјади нови вработувања, што за Владата е од исклучителна важност“, рече Груевски.

Генералниот директор на компанијата Витило информираше дека во текот на реализацијата на инвестицијата италијанскиот инвеститор постојано имал поддршка од Владата.

Тој наведе дека причините поради кои е донесена одлука да се инвестира  се одличната географска местоположба, конкурентските трошоци и поволниот даночен систем.

Компанијата „Текнохосе“, која во Македонија регистрираше фирма под името „Витек Македонија“, во  Бунарџик купи постоечки објект кој комплетно е реновиран да одговара на потребите на новото производство што претставува прва фаза од инвестиција.

Наредната година компанијата предвидува да почне со изградба на втор објект во кој ќе се произведуваат хидраулични спојки за армираните црева.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik